Францускиот министер за финансии го најави официјалното започнување на европскиот технолошки фонд од милијарди евра за да им помогне на компаниите од Стариот континент успешно да се натпреваруваат со оние во САД и Азија.
Нов фонд со минимална вредност од една милијарда евра, според Ројтерс, ќе биде основан во вторник и ќе поврзе 10 до 20 фондови чија задача е да финансираат „технолошки шампиони“, изјави Бруно Ле Мер при презентацијата на француската дигитална политика. објави Хина.
„ЕУ мора да ја намали зависноста од странски играчи во технолошкиот сектор“, рече францускиот министер.
Франција е претседавач со Европската унија од почетокот на годинава
Ле Мер во таа прилика потврди и дека Франција „апсолутно“ инсистира на искористување на нуклеарната енергија.
„Нема технолошки суверенитет без енергетски суверенитет“, заклучи францускиот министер за финансии.