Сменет грчки министер: Се насмеал во врска со пожарите во кои загинаа многу луѓе

од Nikola Popovski
313 прегледи

Грчкиот премиер Киријакос Мицотакис ја прифати оставката на министерот за земјоделство Спилиос Ливанос.

Министерот поднесе оставка откако на едно видео е забележан како се смее додека официјален претставник на локалната партија објаснува како плаќањата за природни катастрофи може да помогнат да се победи на изборите.

Во владиното соопштение се вели дека Мицотакис разговарал со министерот Спилиос Ливанос и побарал објаснување за неговата несоодветна реакција.

-Ливанос „признал дека требало поинаку да реагира“ и понудил оставка, која била прифатена од премиерот, се наведува во соопштението.

Видеото е направено минатата недела за време на состанокот на министерот за земјоделство во Спарта, град во јужна Грција.

На видеото се гледа градоначалникот, поранешен функционер во кабинетот кога конзервативната Нова демократија на Мицотакис беше во владата во 2004-2009 година, велејќи дека партијата победила на изборите во 2007 година и покрај прогнозите благодарение на „вреќи со пари“ кои платиле компензација на граѓаните погодени од шумските пожари, кој ја опустошија јужна Грција неколку недели претходно и во кои загинаа голем број луѓе.

Ливанос се насмеал на изјавата на градоначалникот и рекол дека ќе биде тешко да се израмни тоа „историско достигнување“.

Тој при посетата на Спарта најавил исплата на обештетување на земјоделците кои претрпеле штети поради мразот.

Мицотакис стана лидер на партијата во 2016 година и не беше член на владата во перидото 2004-2009 година.

Следните парламентарни избори во Грција се закажани за следната година.

Слични содржини