Европската комисија денеска го претстави предлогот поврзан со развојот на европското производство на полупроводници. До 2030 година се предвидува ЕУ да произведува 20 отсто од светските чипови.
За таа цел, ЕК предлага да се обезбедат 43 милијарди евра, од кои 30 милијарди евра се предвидени во општиот буџет, а остатокот се очекува од приватни инвеститори.
Комисијата предвидува земјите од ЕУ да го следат пазарот и да ги координираат своите активности во случај на пречки во снабдувањето со електронски компоненти.
За предлогот ќе расправаат Советот на ЕУ и Европскиот парламент. Комисијата забележува дека со напредокот на дигитализацијата ќе се зголеми потребата од електронски делови за производство на различни уреди.
ЕК додава дека пристапот до чипови привлекува силни геополитички интереси и влијае на способностите на земјите во производството, економијата и одбраната.