Каде во Европа потрошувачите се најзагрижени за нивната онлајн безбедност? (инфографик)

од Vladimir Zorba
287 прегледи

Оваа година Денот на побезбеден интернет се одбележува на 8 февруари.

И кога станува збор за побезбедна и поодговорна употреба на онлајн технологии и мобилни уреди, едно од прашањата што предизвикува загриженост за приватноста е употребата (или злоупотребата) на т.н. „колачиња“.

Тоа се пакети со информации испратени од серверите до прелистувачите на корисниците. Тие потоа се враќаат од прелистувачот секој пат, кога тој ќе добие пристап до овој сервер.

Во 2021 година, 80% од луѓето во Европската унија на возраст меѓу 16 и 74 години велат дека се свесни за фактот дека колачињата може да се користат за следење на нивните онлајн активности, според податоците на Евростат.

Свеста е повисока (86%) кај помладите корисници на возраст од 16 до 24 години и помала (74%) кај постарите луѓе во возрасната група 55-74 години.

Иако се чини дека повеќето луѓе се свесни за оваа ситуација, нешто повеќе од една третина (36%) од корисниците велат дека ги промениле поставките на интернет-прелистувачот за да ја спречат или ограничат употребата на „колачиња“.

Дополнително, само 21% користат софтвер кој ја ограничува можноста за следење на нивните онлајн активности, што е зголемување за 1 процентен поен во споредба со 2020 година.

Уделот на информирани корисници кои ги менуваат поставките на прелистувачот за да ја спречат или ограничат употребата на „колачиња“ е најголем во Финска (56%), Холандија (51%), Германија (46%) и Луксембург (46%).

Спротивно на тоа, значително помал дел од корисниците на Интернет презеле слични акции во Кипар (11%), Романија (16%) и Бугарија (21%).

Помеѓу земјите-членки на ЕУ, белгиските корисници на интернет беа посериозни во врска со онлајн следењето, со 51% користење софтвер за ограничување на можноста за следење на онлајн активноста.

По него следат потрошувачите во Малта (32%), Холандија (31%), Ирска (28%) и Шведска (27%). За разлика од нив, најмал удел на корисници на овој вид софтвер има во Бугарија, Романија и Латвија (по 12%).

Слични содржини