134
Брачен пар во Њујорк е уапсен и обвинет за обид за перење украдени криптовалути во вредност од 4,5 милијарди долари.
Припадниците на њујоршката полиција заплениле 3,6 милијарди долари од тие средства, што, како што заменик-јавниот обвинител на САД, Лиза Монако, ја нарече „најголемата финансиска заплена на тој оддел досега“, пренесе Си-Ен-Ен.
Илја Лихтенштајн (34) и неговата сопруга Хедер Морган (31) се обвинети за обид за перење пари украдени за време на големо хакирање на берзата за криптовалути Bitfinex во 2016 година.
Лихтенштајн и Морган се обвинети за заговор за перење пари, за што се казнува до 20 години затвор и за заговор за измама на Соединетите држави, што предвидува казна до пет години затвор, според судските власти.