Шпанија и Данска нема да ја вооружуваат Украина

од Nikola Popovski
329 прегледи

Министерот за надворешни работи на Шпанија, Хозе Мануел Албарес изјави дека во овој момент ситуацијата во Украина треба да се реши со дијалог, пренесува „Страна.уа“.

„Се разбира, треба да се сфати дека политиката и на Шпанија и на ЕУ генерално се заснова на фактот дека оваа криза треба да се реши преку дијалог и напори што веќе се прават“, рече шпанскиот министер на прес-конференција во Киев, запрашан дали Шпанија ќе ѝ испорачува оружје на Украина, пренесува „Strana.ua“.

Тој посочи и дека западните земји не треба да воведуваат превентивни санкции против Русија бидејќи, како што вели, не треба да се влошува и онака тензичната ситуација.

„Мислам дека сите напори, а и мојата посета е дел од тоа, треба да се фокусираат на деескалација и намалување на тензиите преку дијалог за Украина да може да живее мирно… Не гледам зошто тоа би било невозможно. Од оваа страна на Европа никој не се подготвува за војна и затоа не треба да покажуваме дека ова сценарио е неизбежно, бидејќи тоа не е така. Дипломатијата е приоритет денес“, рече шпанскиот министер на прес-конференција во Киев по средбата со неговиот украински колега Дмитриј Кулеб.

Данска нема да испорачува ракетни системи на Украина

Данскиот министер за одбрана Мортен Бедсков изјави дека неговата земја нема да испорача на Украина 400 повлечени противвоздушни ракетни системи „Стингер“. Како што рече, овие системи се „премногу стари“ и има причини зошто се складирани. Бедсков истакна дека Данска е подготвена да и пружи помош на Украина на полето на зајакнување на нејзиниот сајбер потенцијал.

Командантот на данските вооружени сили Флеминг Лентфер изјави дека не се планира испорака на оружје во Украина.

„Го имаме она што самите го користиме и што постепено го воведуваме во вооружувањето на данската армија. „Не гледам ништо овде што треба да им дадеме на другите“, рече тој.

Слични содржини