257
Турција предупреди дека три странски медиума мора да добијат работна дозвола, во спротивно ќе биде блокиран пристапот до нивните платформи.
Високиот совет за радио и телевизија на Турција соопшти дека „Дојче веле“, „Гласот на Америка“ и „Евроњуз“ на турски јазик имаат рок од 72 часа за добивање лиценца за работа.
Илхан Ташчи, член на Советот и пратеник од опозициската Републиканска народна партија (ЦХП) изјави дека одлуката на Советот е уште еден обид за нарушување на слободата на медиумите во Турција.
Мнозинство, од вкупно девет членови во Советот, има владејачката Партија за правда и развој (АКП)