Зеленски: Руските војници во близина на Украина се средство за психолошки притисок

од Milan1
175 прегледи

Украинскиот претседател Володимир Зеленски го осуди распоредувањето руски војници во близина на границите на Украина како средство за „психолошки притисок“, на денот на започнувањето на заедничките руско-белоруски маневри на територијата на Белорусија.

„Сметаме дека акумулацијата на војници во близина на нашите граници е средство за психолошки притисок од нашите соседи“, рече Зеленски, се вели во соопштението од Претседателството.

Руската и белоруската армија почнаа десетдневни воени маневри во Белорусија.

Киев и Западот стравуваат дека акумулацијата на руските сили во близина на Украина сугерира инвазија на таа земја. Русија негира дека планира напад.