Столтенберг предупредува: Постои реална опасност од нов вооружен конфликт во Европа

од Nikola Popovski
238 прегледи

Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг изјави дека постои реална опасност од нов вооружен конфликт во Европа, при посетата на воената база во Романија, која е многу важна за Алијансата.

„Бројот на руски војници расте, а роковите за предупредување се скратуваат“, рече Столтенберг.

Илјадници американски војници испратени од Вашингтон како засилување се очекува да пристигнат во текот на денот за да го консолидираат источното крило на Алијансата.

Тој додаде дека се можни и други сценарија, освен инвазијата на Украина, споменувајќи обиди за соборување на владата во Киев и хибридни хакерски напади.

„Продолжуваме да повикуваме на смирување на тензиите“.

„Истовремено, продолжуваме да ја повикуваме Русија да ги смири тензиите и да се вклучи во политички дијалог со НАТО“, рече генералниот секретар на прес-конференција.

Тој ја изрази загриженоста на НАТО поради акумулацијата на сили придружена со заканувачки руска реторика, но посочи дека сојузничките земји се решени да реагираат.

„Затоа е толку важно присуството на трупите на НАТО во Романија“, рече Столтенберг, пренесува Хина.

Слични содржини