Вучиќ: Просечна пензија од 500 и плата од 1.000 евра

од Берта Китинска
241 прегледи

Просечната плата во Белград во 2013 година била 430 евра, а денес е над 780 евра, изјави претседателот на Србија, Александар Вучиќ.

Според него, до крајот на мандатот на идната влада просечната плата во Србија ќе биде 1.000 евра.

Просечната пензија, додаде, ќе биде над 500 евра.

„Тоа е сосема реално и остварливо, доколку нема големи земјотреси на светско ниво. На добар економски пат сме, инфраструктурата ни се развива, сите треба да бидеме обединети во тоа, да работиме за нашата земја“, кажа претседателот на ТВ Пинк.

Слични содржини