Бројката од над 150.000 вработени во јавната администрација е неиздржлива, мора да е пропорционална со вкупниот број на жители во земјата. Од кога ќе се намали бројот на административците, тогаш и тие мора да имат усогласени плати. Не сум за тоа платите да се усогласат и во јавниот сектор, бидејки на крај на денот, пак товарот ќе падне кај приватниот сектор, кој преку даноци ќе треба да обезбеди плати за јавната администрација, а тоа воопшто не е здраво за сегашните услови на нашата економија, вели во интервју за „Локално“, Арбен Халили, економски аналитичар во врска со усогласување на платите во јавниот сектор, поточно нивно скалесто зголемува во однос на минимална плата.
Според Халили, покачување на минимална плата е добар чекор, особено за работниците. Но, од друга страна имаме и покачување на цените, со што пак работниците се оние кои се оштетени.
– Покачувањето на цените, работниците ги сведува на исто ниво, бидејќи процентот на зголемувањето на цените воопшто не е пропорционален со процентот на зголемувањето на минималната плата, вели Халили.
Ќе повлече ли, според вас, зголемувањето на минималецот раст и на другите плати?
-Зголемувањето на минималецот како прво треба да признаеме дека е социален чекор кој што е предложен во момент на голема инфлација на цените. Во таа насока, логички е истото да повлече и зголемување на другите цени, токму поради фактот што зголемените цени од една страна како и намален број на способна работна сила, од друга страна, прави да зголемувањето на цените на биде, условно кажано, наметнат чекор кој што ќе се случи.
Се сложувате ли со мислењето дека треба скалесто да се покачуваат платите, односно дека треба да растат и другите плати?
-Кога веќе имаме минимална плата од 18.000 мкд, нема никаква логика останатите плати да остануват исти, бидејки тоа нормално би предизвикало револт кај вработените, а тоа може да придонесе поголеми последици во продуктивноста на истите. Некоректно е некој што е примен за плата од 18.00 мкд пред да речеме две години, сега истото да се израмни со некој кој што примил 15.000 или и помалку. Токму поради тоа, од стратешка гледна точка, но и од социо-економски аспект, предвидувам дека постепен раст и на другите плати, кој што секако нема да се случи ова година, но верувам дека ќе има договор со УПОЗ, кој што најверојатно ќе почне да се применува од следна година.
Како го коментирате барањето на ВМРО-ДПМНЕ да се усогласат и платите во јавниот сектор и дали е тоа можно во моментов?
-Немам никаква намера да навлегувам во политички толкувања, но сметам дека пред да се направи усогласување на платите и во јавниот сектор, пред се тој јавен сектор мора да се растерети од гламурозната бројка на формално вработени, како и на договор за дело, вработени. Како земја, во која што спород последниот попис не останале ни 1,5 милиони жители тука, бројката од над 150.000 вработени во јавната администрација е неиздржлива и секако како таква мора да се намали драстично, пропорционално со вкупниот број на жители во земјата.
Еден начин е преку пензионирање на луѓе што ги исполнуват законските услови, и истите места да не се пополнат со нови вработувања, друг начин е преку мерење и вреднување преку продуктивноста на државните административци, а како трет сегмент може да се користи и преку директна финансиска поддршка на лица кои сакат да излезат од јавниот во приватен сектор, но ова последна можност сноси и ризик во себе, а тоа е дека од државната администрација ќе почнат да излегуват најпродуктивните луѓе, бидејки само тие се способни да се нафатат за приватен бизнис.
Од кога ке се намали бројот на административците, односно ќе имаме реална потребна бројка на администрацијата, тогаш секако дека и тие мора да имат усогласени плати. Но во овие услови, кога приватниот сектор е тој што ја полни државната каса, се зголемуват платите на приватниот сектор, што на некој начин ќе биде товар за работодавачите, искрено не сум за тоа плативе да се услогласат и во јавниот сектор, бидејки на крај на денот, пак товарот ќе падне кај приватниот сектор, кој преку различни даноци ќе треба да обезбеди плати за јавната администрација, а тоа воопшто не е здраво за сегашните услови на нашата економија.
Колку одлуката за покачувањето на минимална плата ќе придонесе за подобрувањето на животот на работниците, со оглед на се поголемото зголемување на трошоците за живот?
-Реално и не треба да имаме некоја голема надеж дека овие плати кој знае што ќе придонесат за работниците, овен за тие во текстилната индустрија, кои реално се најмалку платени. Во другите сектори, генерално може да заклучиме дека може и нема веќе такви плати, а тоа не е дека приватниот сектор намерно ги покачи платите навреме, туку поради фактот што веќе слободната работна сила кај нас стана луксуз за приватниот сектор. Со цел да се задржуват и тие малку луѓе кои што се тука невработени, реалнито сектор мораше да реагира со зголемување на цените. Денеска имаме огласи, за келнер и шанкер за по 30,000 мкд нето, и секако тоа не е резултат на зголемувањето на минималната плата.
Сепак, како заклучот мора да кажеме дека, минималната плата влијание ќе има кај тие компании што делуваат во доменот на текстилот и секако дека малку ќе ја ублажни состојбата, но покачувањето на цените, реално работници ги сведува на исто ниво како и пред една година, ако не и полошо, бидејки процентот на зголемувањето на цените воопшто не е пропорционален со процентот на зголемувањето на минималната плата. Како и да е, полошо ќе беше само ако не се зголемуваше истата.
M.A.