Зеленски: Ни беше кажано дека ќе бидеме нападнати во среда

од Milan1
244 прегледи

Во вонредното обраќање до нацијата, украинскиот претседател Володимир Зеленски рече дека има оперативни сознанија за некои земји кои Русија ќе ги нападне во среда, на 16 февруари, пренесува агенцијата „Интерфакс“.

„Ни велат дека 16 февруари ќе биде денот на нападот, ќе го направиме ден на единство“, рече Зеленски, но не сакаше да открие кој му дал такви информации.

Зеленски ги повика државните претставници, политичарите и бизнисмените кои неодамна ја напуштија државата да се вратат во Украина во рок од 24 часа и да покажат единство со нацијата поради стравувањата од руска инвазија.

„Ваша директна должност е во таква ситуација да бидете со нас, со украинскиот народ. Ви предлагам да се вратите во својата татковина во рок од 24 часа и да застанете рамо до рамо со украинската армија, нашата дипломатија и нашиот народ”, рече Зеленски во видео обраќање.

Украинските медиуми објавија дека некои пратеници и водечки бизнисмени ја напуштиле земјата минатиот викенд, откако САД, Велика Британија и други западни земји ги советувале своите граѓани итно да ја напуштат Украина.

„Вратете се кај вашиот народ и вашата земја, која беше извор на вашите фабрики и богатство”, нагласи Зеленски.

Слични содржини