Германскиот канцелар Олаф Шолц денеска одговарајќи на критиките на рускиот претседател Владимир Путин, кој потсети дека НАТО започна војна во Европа против СР Југославија, рече дека Алијансата тоа го направила со цел „да го спречи геноцидот на Косово и Метохија“, пренесува Ројтерс.
На заедничката прес-конференција по разговорот со Шолц, Путин рече дека се уште има свежи сеќавања од војната на Северноатлантската алијанса против Југославија и бомбардирањето на Белград.
Путин рече дека тоа е тажен пример, кој истовремено претставува и факт, пренесе ТАСС.