Мицотакис се сретна со Вучиќ: Грција го сака целиот регион во ЕУ

од Nikola Popovski
251 прегледи

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, денеска изјави дека грчкиот народ е „голем и искрен пријател“ на Србија и најави дека претседателката на Грција Катерина Сакеларопуло наскоро ќе го посети Белград.

„Грција сака да ги види сите земји од регионот во ЕУ, особено Србија“, изјави грчкиот премиер Киријакос Мицотакис при посетата на Белград.

Мицотакис додаде дека Грција сака да ги види сите земји од регионот во ЕУ, особено Србија.

Тој посочи дека ставот на Грција не се менува за прашањето за Косово, но затоа го поддржува дијалогот меѓу Белград и Приштина до правно обврзувачки договор што ќе биде во интерес на двете страни и ќе создаде поповолна атмосфера на соработка на Балканскиот Полуостров воопшто.

„Не видовме напредок во последните месеци и знам дека се обврзавте, дека сакате и дека сте подготвени да ги продолжите преговорите за да се реши овој проблем на правно обврзувачки и правилен начин“, му рекол Мицотакис на српскиот претседател Александар Вучиќ на конференцијата за новинари.

Зборувајќи за патот на Србија кон ЕУ, Мицотакис рече дека се подготвени да ѝ помогнат на Србија да ги исполни сите критериуми за што поскоро членство во ЕУ, бидејќи Грција смета дека тоа е важно за мирот, стабилноста и просперитетот на Балканскиот Полуостров.

Слични содржини