Европратеникот и новоизбраниот копретседавач на ВМРО-БНД, Ангел Џамбаски, синоќа предизвика скандал со нацистички поздрав во пленарната сала на Европскиот парламент во Стразбур, по што беше предупреден од претседателката на ЕП Роберта Мецола дека може да биде строго казнет.
Џамбаски беше единствениот бугарски европратеник кој зборуваше во дебатата, по одлуката на Европскиот суд на правдата да ги отфрли жалбите на Унгарија и Полска кон правото на ЕУ да им ги скрати средствата на земјите-членки коишто ги кршат владеењето на правото и демократските стандарди. Тој жестоко зборуваше во одбрана на Унгарија и Полска, а на крајот од говорот извикуваше „Да живее Орбан!“, „Да живее Качински“, „Да живее Европа на народите“. Потоа саркастично ги повика присутните во салата: „Почнете да викате y-у-у“.
Како што се повлекуваше на своето место, се сврте по скалите и ја крена раката, салутирајќи со нацистички поздрав.
L’eurodeputato bulgaro Angel Dzhambazki (gruppo dei Conservatori e Riformisti ECR, di cui fa parte Fratelli d’Italia) al termine del suo intervento in Aula sullo Stato di diritto e dopo aver gridato “lunga vita all’Europa delle nazioni”:
👇🏻👇🏻👇🏻
— Marco Bresolin (@marcobreso) February 16, 2022
Мецола го прекина следниот говорник за да изјави пред присутните: „Не се дозволени нацистички или фашистички поздрави и какви било знаци во оваа просторија. Ќе извршиме проверка и, доколку е така, ќе наметнеме строга казна за г-дин Џамбаски“.
Џамбаски е исто така член на групацијата ЕЦР во европарламентот, составена од десничарски партии, како унгарската Фидес, полската Закон и правда и шпанската Вокс.