Русија тврди дека Доњецк и Луганск биле гранатирани, Украина негира

од Milan1
240 прегледи

Украинските безбедносни сили утринава два часа гранатираа девет населени места на териториите на самопрогласените Народни републики Доњецк и Луганск, тврдат локалните власти, додека украинската армија негира дека извршила таква акција.

„Истрелани се околу 160 гранати со калибар поголем од 12,7 мм“, пренесува агенцијата Доњецк.

Според претставникот на Народноослободителната армија, „вооружените формации на Украина грубо го прекршиле режимот на прекин на огнот, користејќи оружје што, во согласност со договорите од Минск, мора да биде повлечено“, пренесува Спутник.

Властите на украинскиот град Харков: Граѓани, не паничете!

Властите во Харков, вториот по големина град во Украина, ги повикаа жителите да не паничат и да подлегнуваат на „руската пропаганда“ или „психолошки напади“.

Официјални лица во тој град, кој според „Гардијан“ е напреден технолошки центар на само 40 километри од руската граница, утринава одржале итен состанок, пренесува агенцијата Интерфакс.

Слични содржини