SafeJournalists: Бараме итна судска разрешница за нападите врз новинарите

од Nikola Popovski
200 прегледи

Мрежата ,,SafeJournalists” ќе ги информира сите релевантни национални и меѓународни чинители за случајот со нападнатите новинар и камерман со секира во тетовско.

Мрежата претставува повеќе од 8.200 медиумски професионалци во Западен Балкан, се солидаризира со колегите од Северна Македонија и остро го осудува овој напад.

-Го поздравуваме фактот што властите реагираа брзо и очекуваме целосна транспарентност од надлежните за овој случај. Се надеваме дека надлежните ќе ја спроведат целата процедура брзо и соодветно ќе го казнат подготвувачот, соопштуваат од таму, додавајќи дека секој напад врз новинари е напад на јавниот интерес, демократијата и правата на сите граѓани.

На 16 февруари снимајќи репортажа од основното училиште „Наим Фрашери” во гостиварско, едно лице вербално, а потоа и физички ги нападна новинарот Неври Адеми и снимателот Збулим Максути. Според новинарот Неври Адеми, Б.Е. прво почнал со вербални навреди и закани, а потоа го фатил новинарот за глава и го туркал по училишните скали. Адеми изјави: „ Напаѓачот слезе во училишниот двор и почна да не брка со секира. Набрзина влеговме во автомобилот и се упативме кон полициската станица да го пријавиме нападот, а напаѓачот цело време не следеше со својот автомобил до гостиварското село Неготино”.

Полицијата за овој случај брзо реагираше и го привела насилникот.

Слични содржини