Бурата „Иленија“ предизвика големи штети во Германија, при што затворени се многу училишта, а откажани се летови и железнички линии.
Бидејќи ветровите достигнувале брзина до 152 км/ч, на луѓето им било препорачано да останат во затворени простории и да избегнуваат возење, додека на оние кои се осмелуваат да излезат им се советува да се држат подалеку од згради, дрвја и далноводи.
На социјалните мрежи се појави видео на кое може да се види огромен бран како се крши предниот дел на траектот, го скрши стаклото, додека патниците бегаат во паника додека морската вода блика низ бродот.
Според германскиот медиум МОПО, бродот „Толерорт“ патувал на рутата 62, која минува по реката Елба помеѓу Хамбург и Финкенвердер.
Портпаролот на Хадаг и Хохбан – компанијата што управува со траектот – изјавил дека никој не е сериозно повреден, додека германската агенција „ДПА“ објави дека еден патник е полесно повреден.