Кулеба: Се подготвуваме за секое можно сценарио

од Milan1
277 прегледи

Украина е подготвена за секое сценарио, изјави денеска украинскиот министер за надворешни работи Дмитро Кулеба.

Кулеба на тој начин реагираше на оценките на американскиот претседател Џозеф Бајден дека рускиот претседател Владимир Путин донел одлуката да изврши инвазија на Украина.

– Се подготвуваме за секое можно сценарио, истакна шефот на украинската дипломатија на Минхенската безбедносна конференција.

Бајден вчера изрази уверување дека Путин донел одлука да ја нападне Украина, вклучително и главниот град Киев.

Сепак, тој нагласи дека не смета оти рускиот претседател сериозно размислува за употреба на нуклеарно оружје, заклучувајќи дека е „тешко да се знае што мисли Путин”.

Слични содржини