Зленски бара средба со Путин

од Milan1
229 прегледи

Украинскиот претседател Володимир Зеленски денеска предложи средба со неговиот руски колега Владимир Путин, во време на растечки страв од руска инвазија врз Украина.

– Не знам што сака рускиот претседател, затоа предлагам да се сретнеме, рече Зеленски на Минхенската безбедносна конференција.

Тој додаде дека Украина е „штит на Европа” против руската армија и го повика Западот да ја зголеми помошта.

– Ја цениме секоја помош, но сите мора да сфатат дека тоа не се добротворни придонеси што Украина треба да ги бара … Тоа е ваш придонес за безбедноста на Европа и светот. Каде што Украина е штит осум години. Соочен со Русија, Западот треба да ја поддржи Украина и нејзините одбранбени капацитети и да и даде јасен и остварлив распоред за членство во НАТО, рече Зеленски.