Бајден и Путин начелно се договорија за самит за Украина

од Milan1
189 прегледи

Американскиот претседател Џо Бајден и рускиот претседател Владимир Путин начелно се договориле за самит за Украина на предлог на францускиот претседател Емануел Макрон.

Кабинетот на францускиот претседател Емануел Макрон соопшти дека на двајцата претседатели им предложил самит за „безбедност и стратешка стабилност во Европа“.

Белата куќа во соопштението наведе дека Бајден начелно ја прифатил средбата, но само доколку нема инвазија.

„Секогаш сме подготвени за дипломатија. Подготвени сме и да наметнеме брзи и тешки последици ако Русија наместо тоа избере војна“, рече портпаролката на Белата куќа Џен Псаки.

Слични содржини