„Вчера околу 16.25 часот во тетовско Горно Палчиште, полициски службеници на СВР Тетово ги лишиле од слобода тетовците Л.А.(31) и П.М.(31) и Њ.Ј.(20) од тетовско Пршовце. При преглед на возило „шкода фабиа“, со тетовски регистарски ознаки, што го управувал П.М., била пронајдена марихуана. Тројцата се задржани во Полициската станица Тетово за расчистување и документирање на случајот, по што ќе следува соодветен поднесок.
Исто така вчера во 16.40 часот на подрачјето на Центар, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода Б.Д.(27) од Скопје, затоа што кај него била пронајдена марихуана.
На 20.02.2022 во 23.30 часот на подрачјето на Kарпош, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода Ј.Р.(21) од Скопје, затоа што кај него била пронајдена марихуана. По целосно документирање на случајот ќе следи соодветен поднесок“, информираат од МВР.