Индија со специјален лет ги евакуира граѓаните од Украина

од Milan1
253 прегледи

Специјален лет се упати утрово кон Киев, со цел да евакуира граѓани на Индија „заглавени во кризата меѓу Русија и Украина”, јави Би-Би-Си.

„Ер Индија” на 18 февруари соопшти дека ќе испрати три авиони од земјата во Украина. Летовите беа планирани за денеска, в четврток и во сабота.

Претходно, Индија ги повлече рестрикциите за летови до и од Украина.

Русија уверува дека нема планови да ја нападне Украина. Но, на 18 февруари, американскиот претседател Џо Бајден, изјави дека верува оти Путин е решен да нападне „следниве денови”.

Слични содржини