251
Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков изјави дека Москва верува дека прекинот на дипломатските односи меѓу Украина и Русија би било крајно непожелно сценарио.
„Се разбира, прекинот на дипломатските односи би бил крајно непожелно сценарио, кое веројатно ќе ги отежни работите не само за државите, туку и за народите на двете земји“, рече Песков.
Претходно, претседателот на Украина, Владимир Зеленски изјави дека добил барање од Министерството за надворешни работи да го разгледа прашањето за прекин на дипломатските односи меѓу Украина и Русија.
Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров изјави дека Русија не сака да ги прекине дипломатските односи со Украина.