302
Албанската полиција спречи грабеж на банка во Тирана, откако бил откриен тунел, преку кој разбојниците се обиделе да стигнат до сефот. Разбојниците избегале.
Група неидентификувани разбојници се обиделе со ископување тунели да го грабнат сефот на банка во центарот на Тирана, но полицијата успеала да ги спречи, јавуваат албанските медиуми.
Грабежот бил спречен откако полицијата била известена дека непознати лица неколку дена копале тунели недалеку од Министерството за правда, а подоцна се испоставило дека целта на оваа акција бил подрум на блиската банка.
Полицијата успеала да го спречи грабежот, но оваа група, која наводно не знаела дека е во непосредна близина на Министерството за правда, успеала да побегне.