460
Претседателот и пратеник на Левица, Димитар Апасиев реагираше на изјавата на претседателот на ДПА, Мендух Тачи кој синоќа изјави дека не се појавува на дискусии во Собранието бидејќи ќе треба да го истепа Апасиев.
Апасиев на Фејсбук напиша: „ТАЧИ ќе ме тепа, ТЕЧЕ ќе ме брани“, додавајќи слика во коментар на која тој позира пред графит на кој се испишани зборовите „Нека дојде кој сака“.
Тачи синоќа во „Клан Дебатa“ ја критикуваше соработката на албанските партии со партијата Левица. Според него, дискурсот на оваа партија покажува колку е антиалбанска.