Шкријељ: Со растот на минималната плата пораснаа платите и во образованието, детската и социјалната заштита

од Nikola Popovski
273 прегледи

Како и за претходните зголемувања на минималната плата, така и за ова зголемување на минималната плата, пратениците на ВМРО-ДПМНЕ ја плашат јавноста дека зголемувањето ќе имало хаос и штрајкови и создават атмосфера на несигурност, порача пратеничката Санела Шкријељ на денешната собраниска седница.

Шкријељ посочи дека со претходните зголемувања на минималната плата се зголемиле платите во сите сектори, што влијаеше да се зголеми и просечната плата.

„Со зголемувањата на минималната плата во овие 4,5 години, придонесовме платите на воспитачките во градинките да се зголемат за 6.000 денари во нето износ, за 4.000 денари нето за социјалните работници, се случи 20 отсто покачување на платите во образованието, како и зголемување за 25 отсто за вработените во јавните научни установи и прв колективен договор за високото образование. При сето тоа се случи и намалување на стапката на невработеност“ порача Шкријељ.

Пратеничката Шкријељ истакна дека со домаќинско управување со парите во Буџетот се овозможи да се поддржат компаниите при зголемување на минималната плата, но и да се финансираат важни проекти за сите категории граѓаните, особено за младите

„Пример за тоа е буџетот на Министерството за образование кој во 2017 година изнесуваше 19 милијарди денари, а оваа година изнесува 25 милијарди. И затоа има пари за двојно зголемени стипендии, за враќање на стипендиите за постдипломците и за првпат има воведување на стипендии за докторанди, има пари да се воведе субвенциониран студентски оброк и стипендии за дуално образование, затоа има пари за голем број капитални проекти во училиштата.“ заклучи Шкријељ.

Слични содржини