Блинкен ја откажа средбата со Сергеј Лавров

од Milan1
165 прегледи

Американскиот државен секретар Ентони Блинкен објави дека ја откажал средбата со рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров, закажана за в четврток.

Блинкен на заедничката прес-конференција со украинскиот колега Дмитриј Кулеб во Вашингтон изјави дека се согласил да се сретне со Лавров минатата недела за да разговараат за безбедносните прашања во Европа, „но само доколку Русија не ја нападне Украина”.

„Сега кога гледаме како започнува инвазијата и кога Русија јасно стави до знаење дека целосно ја отфрла дипломатијата, таа средба нема смисла”, рече Блинкен.

Тој додаде дека за ова прашање се консултирал со сојузниците и дека сите се согласни.

Слични содржини