Израел истрела неколку проектили на позиции во сириската погранична провинција Кунеитра, а во нападот е предизвикана „материјална штета“, се вели во денешното соопштение на сириската армија.
Во соопштението се прецизира дека ракетите биле лансирани синоќа од Голанската висорамнина, од другата страна на тампон зоната под контрола на ОН и не се наведени детали за позициите кои биле погодени, додека израелската армија не го објави нападот, пренесува Ројтерс.
Израел има чести напади на ирански цели во Сирија, каде силите поддржани од Техеран, вклучително и либанскиот Хезболах, беа распоредени во изминатата деценија за да го поддржат претседателот Башар ал Асад против бунтовниците кои се обидуваат да му стават крај на 50-годишното владеење на неговото семејство, пренесува Ројтерс.