Русија: Подготвуваме болен одговор на американските санкции

од Milan1
455 прегледи

Руското Министерство за надворешни работи соопшти дека Русија ќе даде силен одговор на американските санкции.

„Нема сомнеж дека ќе биде даден силен одговор на санкциите, не нужно симетричен, туку проверен и чувствителен за американската страна”.

Министерството соопшти дека Вашингтон вовел нова рунда санкции со цел „да го промени курсот на Русија”.

„Русија докажа дека, со сите трошоци поврзани со санкциите, способна е да ја минимизира штетата. И уште повеќе, притисокот од санкциите не може да влијае на нашата решеност цврсто да ги браниме нашите интереси”, се вели во соопштението од руското МНР.