Сепаратистичкиот лидер на контеверзниот регион во Украина во средата изјави дека украинските владини сили треба да се повлечат од територијата за која претендира неговата самопрогласена држава.
Денис Пушилин, лидерот на „Доњецката народна република“, изјави за руските медиуми дека таквото сценарио би било оптимално решение, пренесува ТАСС.
Русија во понеделникот призна два сепаратистички региони во источна Украина, Доњецк и Луганск, по што следеше бран осуда од Западот.
Москва тогаш официјално објави во вторникот дека веќе воспоставила дипломатски врски со два сепаратистички региони во источна Украина.
Проруските сепаратисти тврдат дека имаат право на многу поголем дел од украинската територија од онаа што моментално ја контролираат.
Пушилин вели дека сака мирно да го реши прашањето за границата со Украина, но го задржал правото да побара помош од Русија.
Тој тврди дека ситуацијата во источна Украина е критична и дека сепаратистите ја забрзале мобилизацијата на здрави мажи на возраст меѓу 18 и 55 години.
-Ние ќе победиме. Со вакви луѓе ќе победиме. Со таква земја, голема Русија, која ја почитуваме и цениме, немаме право да се сомневаме во нашата победа, рече тој.
На прашањето дали ќе ја прошири својата територија, Пушилин рече: „Се уште не сме во таа фаза. Сега сме во фаза кога непријателот е на линијата на одвојување и може да нападне во секој момент“.