Украинската војска денеска тврди дека соборила пет руски авиони и хеликоптер на истокот од земјата во близина на енклава под контрола на бунтовниците.
„Според командата на Здружените сили, денеска, , во областа на операцијата на Здружените сили, беа соборени пет авиони и еден хеликоптер на агресорите”, соопшти Генералштабот на армијата.
Руското Министерство за одбрана соопшти дека уништило украински воени воздушни бази и системи за ПВО, неколку часа откако рускиот претседател Владимир Путин нареди воена офанзива против соседот на неговата земја.
„Воената инфраструктура во воздухопловните бази на украинската армија е исфрлена од акција”, се вели во соопштението на Министерството за одбрана. Според нив, системите за ПВО на Киев се „елиминирани”.