152
Белорускиот претседател Александар Лукашенко изјави денеска дека белоруските вооружени сили не учествуваат во воената операција на Русија против Украина, пренесува „Ројтерс“.
„Нашите војници не учествуваат во оваа операција“, нагласи Лукашенко.
Украинската гранична служба претходно објави дека руски војници ја нападнале Украина од Белорусија, како и од Русија со белоруска поддршка, околу 5 часот наутро по локално време, според „Ројтерс“.