254
Четири балистички ракети беа лансирани од територијата на Белорусија кон територијата на Украина, изјави денеска началникот на Генералштабот на Украина Валериј Залужни.
„Четири балистички проектили беа истрелани во правец на југозапад”, објави Залужни на Фејсбук. Засега нема повеќе информации за наводите на Залужни.
Во меѓувреме,Франција ја осуди Белорусија како и Русија за нејзината улога во инвазијата на Украина. Жан-Ив Ле Дриан, министер за надворешни работи, јго осуди „користењето на територијата на Белорусија од страна на режимот на Лукашенко за оваа агресија врз суверена земја”.