Украинската државна енергетска компанија „Нафтогаз“ денеска соопшти дека ги затворила своите производствени капацитети во областа Луганск во близина на линијата за разграничување што ги дели владините и проруските сили.
Јуриј Витренко, генерален директор на „Нафтогаз“, изјави дека инфраструктурните објекти на нафтената и гасната компанија не се предмет на систематско гранатирање, но дека одлучила да ги евакуира вработените од објектите со висок ризик, пренесе Ројтерс.
Од „Нафтогаз“ додаваат дека енергетската инфраструктура во земјата не била изложена на гранатирање од страна на руските воени сили, кои утринава започнаа, како што соопшти Москва, специјална воена операција во Украина.
Што се однесува до енергетската инфраструктура, од компанијата велат дека „ситуацијата е под контрола“, додава британската агенција.