Генералниот секретар на ОН Антонио Гутереш во врска со операцијата што Русија ја започна утринава во Украина изјави дека оваа војна нема смисла, и дека е кршење на принципите на Повелбата на ОН, пренесе Анадолија.
Гутереш одговараше на прашања на новинарите по седницата на Советот за безбедност на ОН.
Тој рече дека е тешко да се предвиди дали одлуката на Русија да дејствува ќе доведе до општа војна, но рече дека многу луѓе ќе загинат, ќе бидат раселени и ќе изгубат надеж за иднината.
– Она што е јасно е дека ќе има последици. А она што ми е јасно е дека оваа војна нема смисла. Ова ги прекршува принципите на Повелбата на ОН. Ако не запре, може да предизвика големи страдања во Европа – рече Гутереш.
Гутереш повика на прекин на војната, но потсети дека Советот за безбедност е овластен со статутот да се справи со оваа ситуација.