Чекор по чекор до инвазијата: Хронологија на руско-украинскиот конфликт

од Берта Китинска
260 прегледи

Нападот на Русија врз Украина започна. Претседателот на Украина, Володимир Зеленски, прогласи општа мобилизација, а претходно прогласи воена состојба на целата територија на својата земја. Ве потсетуваме на хронологијата на руско-украинскиот конфликт:

21 ноември 2013 година

Претседателот на Украина најавува дека нема да го потпише историскиот договор со ЕУ, кој беше договорен претходно.

ноември 2013 – февруари 2014 година

Евромајдан – масовни протести во Украина, барање за приближување кон Западот.

февруари 2014 година

Насилно задушување на протестите, украинскиот претседател Јанукович бега од Украина, има промена на власта.

февруари – март 2014 година

Русија го анексира полуостровот Крим.

март – мај 2014 година

Проруските сепаратисти во источна Украина прогласуваат „Народни републики“ во Доњецк и Луганск.

јуни – август 2014 година

Украинската армија врши притисок врз сепаратистите во регионите Доњецк и Луганск.

септември 2014 година

Во Минск беше постигнато првото примирје кое траеше само неколку дена.

февруари 2015 година

Беше направено ново примирје, кое траеше горе-долу до неодамна, со спорадични прекршувања на двете страни.

јуни 2017 година

Украинскиот парламент гласаше за влез во НАТО.

септември 2020 година

Украинскиот претседател го потврдува членството во НАТО како стратешка државна цел.

Март – април 2021 година

Русија испраќа војници во близина на границата со Украина.

јуни 2021 година

Пропаднаа преговорите меѓу САД и Русија за завршување на кризата во Украина.

декември 2021 година

Русија сака НАТО да го одбие пристапот до Украина. Русија го зголемува бројот на војници во близина на украинската граница.

јануари – февруари 2022 година

Бројните средби на западни и руски дипломати не успеаја да ја решат кризата во Украина.

2 февруари 2022 година

Соединетите Држави испраќаат дополнителни војници во членките на НАТО во Источна Европа.

10 февруари 2022 година

Русија и Белорусија одржуваат заедничка воена вежба

21 февруари 2022 година

Претседателот на Русија, Владимир Путин, ја потпиша одлуката за признавање на независноста на парадржавата на територијата на Украина – Луганската Народна Република и Народна Република Доњецк.

24 февруари 2022 година

Русија ја нападна Украина.