289
Украинскиот претседател Владимир Зеленски Во телевизиско обраќање, Зеленски утринава изјави дека Русија продолжува со ракетните напади врз Украина, но дека нејзините војници се запрени да напредуваат во повеќето правци.
„Целта на овој напад е притисок. Притисок врз вас драги граѓани. Притисок врз целото наше општество. Нагласувам: не само врз властите, туку и врз сите Украинци“, рече Зеленски.
Тој додаде дека нападот го потсетил на нападот на Киев во 1941 година.
„Ние сами си ја браниме државата. Најмоќните сили во светот гледаат од далеку. Дали вчерашните санкции ја убедија Русија? Слушаме на нашето небо и слушаме во нашата земја дека тоа не е доволно“, нагласи Зеленски.