Киев е подготвен за преговори со Русија за неутрален статус

од Milan1
198 прегледи

Украина е подготвена да започне преговори со Русија за неутрален статус, но сепак неопходни се безбедносни гаранции, јавуваат украинските медиуми, повикувајќи се на зборовите на советникот на украинскиот претседател, Михаил Подољак.

„Украина секогаш оставала простор за преговори. Меѓу другото, и сега, кога Русија реши да изврши инвазија во целост. Таа војна мора да се прекине.

„Борбите мора да престанат“, рече тој.

Украинскиот претседател Владимир Зеленски претходно изјави дека порано или подоцна ќе започне дијалог меѓу Русија и Украина за да се запрат борбите.

Претходно, во специјално обраќање до граѓаните на Русија, претседателот на Русија, Владимир Путин, објави дека донел одлука за започнување на специјална воена операција во Донбас. Шефот на државата посочи дека руските планови не вклучуваат окупација на Украина.

Слични содржини