Британскиот министер за одбрана Бен Валас изјави за Би-Би-Си дека неговата земја ќе и помогне на Украина со оружје, но дека нема да започне војна со Русија.
„Нема да започнам европска војна. Но, ќе и помогнам на Украина да се бори за секоја улица со секоја опрема што можеме да и ја испорачаме“, рече Валас.
Тој оцени дека Русија нема да застане по Украина.
„Путин не е рационален. Тој не верува дека балтичките држави се вистински држави. Сите мораме да му се спротивставиме“, изјави Валас.
Во интервју за Би-Би-Си Радио 4, министерот за одбрана на Обединетото Кралство изјави дека е потврдена оценката на британските разузнавачки служби дека Русија не успеала да постигне ниту една цел на првиот ден.
„Тоа не успеа бидејќи Украинците се бореа. „Тоа не успеа поради егото на Путин, кој мислеше дека ќе го смета за ослободител“, рече Валас.
„Тие не успеаја со нивната елита Спеcназ да го освојат аеродромот северно од Киев“, рече Валас.
Украинските власти на 25 февруари соопштија дека руската армија влегла во Киев, откако рускиот претседател Владимир Путин изврши воена инвазија на Украина од неколку правци еден ден претходно.
Неколку дена пред инвазијата, Путин ја призна независноста на сепаратистичките региони Доњецк и Луганск во источна Украина и одобри испраќање војници во областа.
Европската унија, САД и Обединетото Кралство континуирано воведуваат нови санкции кон Русија, кои, меѓу другото, се насочени кон финансискиот и енергетскиот сектор. ЕУ веќе воведе два пакета санкции.