Некогаш најдобриот боксер на светот, а денешен градоначалник на Киев, Виталиј Кличко, истакна дека е подготвен да земе оружје и да ги брани градот и Украина од руската инвазија.
„Ова сега е крвава војна. Немам избор, морам да го направам тоа, ќе се борам за мојата земја“, изјави Кличко.
Од самиот почеток на својот политички ангажман, Кличко беше познат како истакната личност против зајакнувањето на врските со Русија, а денес заедно со неговиот брат Владимир е подготвен да ја брани земјата од руските сили.
Неговиот брат Владимир беше поостар во зборовите.
„Рускиот претседател Владимир Путин користи воена реторика и јасно стави до знаење дека сака да ја уништи Украина и суверенитетот на нејзините граѓани. Неговите зборови се придружени со проектили и тенкови. Уништувањето и смртта стигнаа до нас. Ќе се бориме со сите сили за слобода и демократија“ , додаде Владимир Кличко.