Украинскиот претседател Володимир Зеленски го повика рускиот претседател Владимир Путин да преговара. Според пишувањата на медиумите, Зеленски го кани Путин на преговарачка маса.
„Сакам уште еднаш да му се обратам на претседателот на Руската Федерација… Да седнеме на преговарачка маса, да ја запреме смртта на луѓето“, рече Зеленски.
Да потсетиме, Русија во четвртокот на 24 февруари започна специјална воена операција во Донбас.