Министерството за одбрана на Русија соопшти дека главните трупи на Воздухопловните сили ги здружиле силите со руските трупи на аеродромот „Хостомел“ познат и како „Антонов“ и сега Киев е блокиран и од запад.
„Во операцијата учествуваа повеќе од 200 руски хеликоптери. Успехот на слетувањето беше обезбеден со потиснување на целиот систем за воздушна одбрана во зоната за слетување, целосна изолација на борбениот регион од воздух и активна електронска борба.
За време на заземањето на аеродромот беа убиени повеќе од 200 националисти од специјалните единици на Украина. Нема загуби во руските вооружени сили.
Руската армија нема да нападне населени места во Киев“, истакна Министерството за одбрана.