Aсад: Сирија е со Русија

од Milan1
352 прегледи

Сирискиот претседател Башар ал Асад во петокот во телефонски разговор со неговиот руски колега Владимир Путин ја поздрави руската инвазија на Украина, велејќи дека тоа е „корекција на историјата“.

„Претседателот Асад истакна дека она што се случува денес е корекција на историјата и враќање на рамнотежата на меѓународниот поредок по падот на Советскиот Сојуз“, соопшти кабинетот на Асад.

„Сирија е на страната на Русија бидејќи е убедена во валидноста на нејзината позиција“, рече Асад.

„Противењето на проширувањето на НАТО е руско право“, додаде тој, додавајќи дека НАТО е „глобална закана“ и „инструмент за спроведување на неодговорни западни политики за дестабилизација на светот“.

Дамаск е лојален сојузник на Русија

Дамаск е лојален сојузник на Русија, која воено интервенира во Сирија од 2015 година, давајќи им поддршка на силите на Асад во борбата против џихадистите. Руската интервенција се смета за пресвртница што му овозможи на режимот на Асад да опстане на власт.

Според Москва, повеќе од 63.000 руски војници се распоредени во Сирија.

„Западните нации се одговорни за хаосот и крвопролевањето“, му рекол Асад на Путин.

Речиси 500.000 луѓе загинаа во војната во Сирија од нејзиниот почеток во март 2011 година.

Слични содржини