Портпаролката на руската дипломатија Марија Захарова денеска им се закани на Финска и на Шведска. Во соопштението објавено на Твитер од руското Министерство за надворешни работи, таа рече дека евентуалниот прием на Финска и Шведска во НАТО ќе има многу сериозни воени и политички последици.
„Сметаме дека посветеноста на финската влада кон воената политика на неврзаните е важен фактор за обезбедување безбедност и стабилност во северна Европа. Влегувањето на Финска и Шведска во НАТО би имало сериозни воени и политички последици“, рече Захарова.
Говорејќи на брифинг со новинарите во Москва, Захарова се закани дека „ако некоја нордиска земја се стреми да се приклучи на Алијансата, тоа ќе има сериозни воени и политички последици, што ќе бара од нашата земја да преземе реципрочни мерки“, извести руска новинска агенција, пренесе Би-Би-Си.
„Сметаме дека посветеноста на финската влада на политиката на воена неутралност е важен фактор во обезбедувањето гаранции за безбедност и стабилност во северна Европа“, рече Захарова.
💬#Zakharova: We regard the Finnish government’s commitment to a military non-alignment policy as an important factor in ensuring security and stability in northern Europe.
☝️Finland’s accession to @NATO would have serious military and political repercussions. pic.twitter.com/eCY5oG23rL
— MFA Russia 🇷🇺 (@mfa_russia) February 25, 2022
Иако Финска соработува со Алијансата во некои области и нејзини претставници присуствуваат на денешниот состанок на НАТО во Брисел, таа официјално не се приклучи на блокот. Минатиот месец, премиерката Сана Марин рече дека е „исклучително малку веројатно“ Финска да аплицира за членство во НАТО за време на нејзиниот мандат.
Руската закана доаѓа откако шефот на НАТО Јенс Столтенберг денеска објави дека ги покани Финска и Шведска, кои не се членки на воената алијанса, на вонреден виртуелен самит на кој ќе се разговара за руската инвазија на Украина.