Спасовски: Како членка на НАТО, на пат кон ЕУ, ја остваруваме цврстата визија на Трајковски за безбедна и просперитетна држава

од Vladimir Zorba
222 прегледи

Во Скопје, во Алејата на великаните на Градските гробишта во Бутел како дел од делегација на Владата на РСМ, министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски положи свежо цвеќе на гробот на Борис Трајковски.

„Претседателот Трајковски ќе остане запаметен како државник во сложени времиња за нашата држава, миротворец и европски лидер кој ги негуваше мултиетничките различности на граѓаните – вредности кои ги воздигна на едно повисоко ниво во нашето општество, а кои продолжуваме да ги развиваме преку концептот Едно општество за сите, втемелен токму на постулатите на дијалог, толеранција и меѓусебна почит. Таквиот светоглед на претседателот Трајковски беше повеќе од значаен, како за нашата државност и регионалната безбедност, така и глобално, придонесувајќи за стабилноста во светот“, пишува Спасовски на својот ФБ профил.

Како членка на НАТО, на пат кон ЕУ, ја остваруваме цврстата визија на претседателот Трајковски за безбедна и просперитетна држава, интегрирана во ЕУ, рамо до рамо со водечките демократии, истакна тој.