Зеленски: Турција нема да дозволи премин на руски воени бродови

од Nikola Popovski
194 прегледи

Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека Турција нема да дозволи руски воени бродови да минуваат низ Црното Море.

„Им благодарам на мојот пријател, господинот претседател Ердоган и на народот на Турција за силната поддршка. Забраната за минување на руски воени бродови во Црното Море и значителната воена и хуманитарна поддршка за Украина се исклучително важни. Луѓето од Украина никогаш нема да го заборават тоа“, напиша Зеленски на Твитер.

Зеленски денеска телефонски разговараше со турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган.

Во соопштението на Канцеларијата за комуникации на турското претседателство се наведува дека Ердоган и Зеленски разговарале за нападот на Русија врз Украина и за последните случувања во таа област.

Во текот на разговорот, Ердоган изрази сочувство до семејствата на загинатите граѓани на Украина, а на повредените им посака брзо закрепнување.

Ердоган рече дека се обидуваат да прогласат примирје што е можно поскоро за Украина да не претрпи дополнителни штети и да спречи понатамошни загуби на животи.

 

Слични содржини