Руското министерство за одбрана: Евакуиравме 82 украински војници од Змискиот остров

од Nikola Popovski
265 прегледи

Помалите бродови на вооружените сили на Украина се обидоа да ги ликвидираат сопствените војници кои го положија оружјето на Змискиот остров додека руската армија ги евакуираше, но нападот беше одбиен, изјави портпаролот на руското Министерство за одбрана Игор Конашенков.

Како што објасни тој, на 25 февруари, при евакуацијата на 82 украински војници од Змискиот остров кои доброволно го положија оружјето, 16 помали бродови на украинската морнарица се обиделе да ги нападнат бродовите на руската Црноморска флота, користејќи „тактика рој“. Еден дел од украинските воени пловила оперирал криејќи се зад цивилни бродови.

„Целта на овој напад беше првенствено одмазда на украинските војници кои го положија оружјето и ја обвинија руската армија за ликвидација на затвореници. Како резултат на битката на море, беа уништени шест помали бродови на украинската морнарица. Ниту еден од 82-та украински војници од Змискиот остров не е повреден“, рече Конашенков.

Тој посочи дека за време на нападот на украинските пловни објекти над таа област патролирале американски стратешки беспилотни летала „RQ-4 Global Hawk“ и „MQ-9A „Ripper“.

„Многу е веројатно дека американските дронови ги воделе украинските бродови до бродовите на руската Црноморска флота“, посочи тој.

Слични содржини