Естонскиот политичар и пратеник во Европскиот парламент Рихо Терас, кој беше командант на естонските одбранбени сили од 2011 до 2018 година, на Твитер објави дека рускиот претседател Владимир Путин е во проблеми. бидејќи неговиот напад врз Украина не напредувал толку брзо како што претходно замислил.
– Украински припадник на тајната служба ме информираше за средба на имотот на Путин на Урал. Таму се состанаа олигарсите, со цел никој од нив да не избега од Русија. Путин е бесен, мислеше дека целата војна ќе биде лесна и дека се ќе заврши за еден до четири дена“, започнал Терас, која објави и факсимил од документот што тој тврди дека го добил.
– Русите немаа тактички план. Војната ги чини околу 20 милијарди долари дневно. Имаат ракети уште три до четири дена, ги употребуваат умерено. Им недостига оружје, фабриките не можат физички да исполнат толку многу нарачки за производство на оружје. Пушките и муницијата се најмногу што можат да сторат, продолжува тој.
– Ново руско оружје би можело да се произведе за три до четири месеци, прашање е дали и тогаш. Немаат суровини. Претходно со оружје се снабдуваа главно од Словенија, Финска и Германија, но тоа сега е стопирано, пишува Терас.
– Ако Украина успее 10 дена успешно да им се спротивстави на Русите, тогаш Русите ќе мора да одат на преговори. Затоа што немаат пари, оружје или ресурси. Сепак, тие се рамнодушни кон санкциите, продолжува европратеникот од Европската народна партија.
– Руските сили за специјални операции се во близина на Киев од 18 февруари. Целта беше да се окупира Киев и да се воспостави марионетски режим. Подготвија провокации против невини цивили, жени и деца, за да посеат паника. Тоа е нивниот адут, продолжува Терас.
– Целиот руски план се заснова на ширење паника – цивилите и вооружените сили да се предадат, а Зеленски да избега. Се очекува Харков прв да се предаде за да го следат неговиот пример и другите градови и на тој начин да избегнат крвопролевање. Русите се шокирани од жестокиот отпор на кој наишле, пишува естонскиот политичар.
– Украинците не смеат да паничат! Ракетните напади се користат за заплашување, Русите ги пукаат по случаен избор за „случајно“ да погодат станбени згради и да направат нивниот напад да изгледа поголем отколку што навистина е. Украина мора да остане силна и ние мора да и помогнеме, забележува Терас.
– Раширете ја оваа информација за светот да разбере колку е важно да и се помогне на Украина веднаш и без двоумење! На Русија и е тешко, но и на Украина е тешко доколку Западот не даде значителна поддршка, заклучува тој.
THREAD 1/7 Intel from a Ukrainian officer about a meeting in Putin’s lair in Urals. Oligarchs convened there so no one would flee. Putin is furious, he thought that the whole war would be easy and everything would be done in 1-4 days. @EPPGroup @general_ben @edwardlucas @politico pic.twitter.com/8AoelUDWM9
— Riho Terras (@RihoTerras) February 26, 2022