Украински генерал-мајор: Заробивме 200 руски војници, тие се слабо опремени

од Vladimir Zorba
287 прегледи

Украинскиот генерал-мајор Борис Кременецки одржа конференција во Вашингтон, каде што рече дека заробиле околу 200 руски војници кои биле „лошо опремени“.

– Заробивме околу 200 руски војници, од кои некои се на возраст од 19 години. Тие воопшто не се обучени и се слабо опремени. Постапуваме во согласност со Женевската конвенција – изјави Кременецки, кој во моментов е функционер во Амбасадата на Украина во САД.

Кременецки додаде дека на војниците им било дозволено да им се јават на родителите и дека добивале храна и вода. Си-ен-ен не можеше да го потврди ова негово тврдење.

Генералот, исто така, рече дека тесно соработува со Пентагон, но дека на Украина сепак и е потребна позначајна воена помош.

– Ни треба дополнителна помош. Ве уверувам дека се што добивме досега е искористено на вистински начин – изјави тој.